Колку често консумирате риба? Нутриционистите препорачуваат да се консумира лосос барем 2-3 пати во текот на месецот. Па, затоа ви претставуваме еден интересен предлог рецепт за печени филети од лосос во рерна.
Протеините од оваа риба се лесни за дигестија и за разлика од другите извори на протеини тие не содржат било какви канцерогени и штетни материи. Тие ќе ви ги дадат сите потребни амино-киселини кои се важни за изградба на мускулите и ткивата и ќе ве одржат во добра форма и кондиција. Други хранливи материи кои ги содржи лососот, а се одлични за човековото здравје се омега – 3 масните киселини кои се многу важни за нашиот мозок и срце. Покрај ова лососот изобилува и со витамините А, Б и Д, како и минералите, калциум, железо, фосфор и селен.

Состојки:
- 4 филети од лосос
- 1 лимон
- 4 лажици путер
- сол и црн пипер по вкус
- сечкан свеж копар или мајчина душица.
Подготовка:
- Во тава за печење ставете поголемо парче алуминиумска фолија. На едниот крај на фолијата поставете ги филетите од лосос.
- Исечете го лимонот на половина. Едната половина исечете ја на кругови. Потоа, круговите пресечете ги на половина.
- Половината од лимонот исцедете го врз парчињата лосос.
- Рибата зачинете ја со сол и црн пипер по вкус, а потоа наредете ги парчињата сечкан лимон. На крај, поросете ги со ситно исечкан копар или мајчина душица.
- Путерот ставете го во сад на оган на ниска температура. Мешајте го со лажица за да се растопи.
- Секое парче лосос прелијте го со растопениот путер.
- Вака зачинетата риба преклопете ја со другата страна на фолијата. Добро затворете ја фолијата, за да не може да излегуваат соковите и зачините.
- Доколку во тавата има место, како прилог може да ставите свежи печурки и домати. Истите зачинете ги со малку сол и црн пипер.
- Тавата за печење ставете ја во претходно загреана рерна на 180 степени. Лососот печете го за време од 15 до 20 минути.
- Откако ќе ја извадите тавата од рерна, внимателно отворете ја фолијата, бидејќи можете да се изгорите од пареата.
- Секое парче од лосос, сервирајте го на посебна чинија, гарнирано со варен зеленчук и малку свежа салата. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Лосос во маринада.