Крцкави и сочни, овие маринирани пилешки крилца се идеален предлог за ручек или мезе за пријателите!
Ниедна комбинација не е толку вкусна како пилешко со сенф. Па, затоа имаме супер рецепт за многу едноставна маринада која му дава посебен шмек на приготвените пилешки крилца.
Состојки:
- 1 кг пилешки крилца
- 50 мл маслиново масло
- свежо цеден сок од 1 лимон
- 1 мала лажичка благ црвен пипер
- 1 лажица сенф
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 50 грама густин (нишесте)
- масло за пржење.
Подготовка:
- Исчистете ги пилешките крилца. На тенкиот дел од крилцата, одделете го месото од коската со нож и потоа со прстите притиснете го месото надолу и извадете ја коската.
- Во длабок сад или тенџере ставете го маслото, свежо цедениот сок од лимон, црвената пипер, сенфот, посолете и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса.
- Во садот со маринадата додајте ги пилешките крилца и убаво измешајте. Садот покријте го со најлонска фолија или капак и оставете ги крилцата во фрижидер за време од 12 часа.
- Густинот ставете го во рамна чинија.
- Потоа, извадете ги крилцата од маринадата и извалкајте ги во чинијата со густин.
- Во нелеплива тава на оган ставете масло да се загрее. Во врелото масло пржете ги пилешките крилца од двете страни, додека поруменат. Пржените пилешки крилца извадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги со свежа салата и парчиња лимон. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Печени пилешки крилца во сос од кечап и сенф.