Велат дека старинските рецепти се најубави. Тоа можеме да го потврдиме баш со оваа чоколадна маркиза торта. Чоколадо и ореви споени во вкусна торта! Приготвена со голема љубов од Гордана, член во групата Сѐ за храна.
Поразговараме со Гордана за оваа торта и таа ни кажа дека рецептот е многу стар, а тортата немала име. Ја нарекла маркиза торта поради тоа што изгледа богато.

Состојки:
За пандишпан:
- 6 белки
- 12 лажици шеќер
- 12 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно.
*Се прават 3 три кори.
Фил 1:
- 18 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 100 г чоколадо за готвење.
Фил 2:
- 300 г мелени ореви
- 100 мл млеко
- 300 г шеќер во прав
- 250 г маргарин или путер по желба.
За декорација:
- 500 г маргарин или путер
- 500 г шеќер во прав
- 300 г чоколадо.
Подготовка:
- Во длабок сад за матење ставете 6 белки и изматете ги да се добие цврст шлаг. Во текот на матењето додавајте го шеќерот.
- Оревите измешајте ги со брашното и додајте ги во изматените белки. Измешајте со лажица и смесата ставете во кружен калап (бр.28) обложен со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 10-15 минути.
- Постапката повторете ја и испечете уште 2 кори, што значи дека ви требаат 18 белки за подготовка на тортата.
- Во меѓувреме подгответе го филот. Жолчките изматете ги со шеќерот. Штом шеќерот се растопи садот ставете го на пареа и варете го додека смесата се згусти. На крај додајте го чоколадото и измешајте за да се растопи. Филот оставете го да се излади.
- Започнете со подготовка на вториот фил. Млекото ставете го во сад да се вари. Со врелото млеко попарете ги оревите, а потоа додајте 300 г шеќер во прав. Измешајте и оставете филот да се излади.
- Маргаринот пенесто изматете го, а потоа поделете го на два дела и додајте го во изладените филови. Филовите изматете ги со миксер.
- Врз првата кора ставете половина од филот со оревите, а потоа додајте половина од филот со жолчките и чоколадото. Врз нив ставете ја втората кора и додајте го преостанатиот фил со ореви, па со жолчки и чоколадо. На крај ставете ја третата кора.
- Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Потоа додајте 300 г растопено чоколадо. Со филот премачкајте ја тортата и декорирајте по желба. Послужете ја со омиленото кафе. На здравје!

Автор на рецептот: Гордана Мисерочи, админ на Кафе задоволство.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадна торта со пудинг и чоколаден крем.