Кој обожава мафини? Време е за нова супер идеја за појадок во топлите летни денови! Во нашата кујна креиравме рецепт за сочни и вкусни мафини со тиквички и пармезан.
Тиквичките се симбол на летото и може да се приготват на различни начини. Досега сме правеле здрави печени ќофтиња со модри патлиџани и тиквички, а овој пат се одлучивме да направиме мафини. Приготвивме две варијанти со јогурт и пармезан и мафини без млечни производи. Подеднакво се вкусни, па време е да ги пробате.

Состојки:
- 2 помали тиквички
- 2 јајца
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1/3 мала лажичка сода бикарбона
- 180 мл јогурт (може да се замени и со вода)
- 2 лажици ладно цедено сончогледово масло – Шарлаган од Фила
- 2 чаши брашно
- 1 до 2 рамни лажици пармезан
- ситно сечкан свеж копар
- хималајска сол по вкус
- ленено семе од Фила за декорација.
Подготовка:
- Тиквичките излупете ги, изрендајте ги на крупната страна на рендето, посолете ги и оставете ги 10 минути. Потоа добро исцедете ги.
- Јајцата изматете ги со миксер додека се добие густа смеса. Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и содата бикарбона.
- Во садот со јајцата додајте ги јогуртот и ладно цеденото сончогледово масло. Измешајте и додајте ги исцедените тиквички. На крај, додајте ги брашното, пармезанот и сечканиот свеж копар. Доколку немате свеж копар можете да користите и сув копар. Смесата измешајте ја добро за да се соединат состојките, а по потреба посолете ја.
- Калапот за 12 мафини добро намрсете со ладно сончогледово цедено масло. Во случај калапот да лепи, ставете хартиени корпици за мафини. Во секој отвор ставете од смесата во висина од 2/3 од калапот. Врз мафините наросете ленено семе.
- Мафините печете ги за време од 30 минути во загреана рерна на 200 степени, додека поруменат.

Совет плус: Тиквичките убаво исцедете ги, а во спротивно може да добиете влажно тесто во внатрешноста на мафините. Подобро е мафините да ги печете во нелеплив калап, без хартиени корпици.
Ви предлагаме да прочитате: Крцкави печени компири со зачини.
*Спонзориран рецепт