Сите сакаат пица и сите сакаат палачинки. А што ако овие две нешта се спојат? Пробајте го овој необичен микс и едноставен рецепт за мексиканска пица од палачинки од нашата кујна.
Ви останале неколку палачинки, па не знаете што да направите со нив? Имаме супер лесен рецепт кој сигурно ќе ви се допадне. За да ја направите оваа мексиканска пица од палачинки, потребни ви се 5 минути и неколку состојки.

Состојки:
- 5-6 палачинки или питулици
- 1 чаша рендан кашкавал
- 200 грама шункова салама
- 100 грама чајна салама
- кечап по потреба
- оригано.
Подготовка:
- Шунковата салама изрендајте ја на крупната страна на рендето. Чајната салама исечете ја на тенки кругови, а потоа круговите исечете ги на четвртинки.
- Во тава за печење ставете ја првата палачинка. Врз неа нанесете кечап и зачинете со оригано. Потоа, ставете од ренданиот кашкавал, ренданата шункова салама и нанесете четвртинки од чајната салама.
- Ставете ја втората палачинка. Врз неа ставете кечап, рендан кашкавал, шункова и чајна салама. Постапката повторете ја и со третата палачинка, така што врз кечапот ќе наросите оригано.
- Врз последната палачинка, ставете рендан кашкавал. Тавата ставете ја во загреена рерна од 250 степени да се пече за време од 5 до 10 минути, односно додека кашкавалот се растопи и добие златно кафеава боја. Печената пица од палачинки, оставете ја кратко да се излади, а потоа исечете ја на парчиња и послужете ја. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Тесто за палачинки по испробан рецепт.