мраморен куглоф со портокал

Мраморен куглоф со портокал

Постојат многу рецепти, но секогаш со задоволство се навраќаме на традиционалните и најубави вкусови од детството. Таков е и овој рецепт за мраморниот, шарен куглоф со портокал. Кој може да одолее на чаша топло кафе и домашен колач со арома на портокал и чоколадо?

Прифати го кулинарскиот предизвик и приготви го овој колач. Сочен и вкусен, сладок украс на сечија трпеза. Може да го декорираш по желба со шеќер во прав, овошје, гранчиња рузмарин и да ја збогатиш трпезата за слава, именден, или едноставно направи го за викенд засладување. 

мраморен куглоф со портакал

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1,5 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 2,5 чаши Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • Рендана кора од 1 портокал
  • 1 – 2 лажици какао
  • 100 г чоколадо за декорација
  • 50 г бело чоколадо за декорација.
состојки за мраморен куглоф

Подготовка:

  1. Издвојте ги белките од жолчките и ставете ги во сад за матење. Започнете да ги матите белките со миксер и постепено додавајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете додека добите цврст шлаг. 
  2. Во друг сад за матење изматете ги жолчките, а потоа додајте го маслото и кратко изматете.
  3. Во садот со белките постепено додавајте ги жолчките и матете со миксер. 
  4. Брашното просејте го во длабок сад. Додајте ги прашокот за печиво и ренданата кора од портокал. Измешајте и постепено додавајте ги во садот со изматените јајца.
    Одвојте 1/3 од смесата и во неа додајте го какаото. 
  5. Калапот за куглоф намрсете го и набрашнете го. Ако користите силиконски калап, оваа постапка прескокнете ја.
  6. Во калапот за куфглов ставете ја жолтата смеса. Со помош на лажица и рамномерно излевање на одредени места или во вид на линии, распоредете ја чоколадната смеса за да ги оформите шарите.
  7. Вака припремениот шарен куглоф печете го во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 40 минути. Кон крајот на печењето проверете со чепкалка дали е испечен. Откако колачот ќе се испечи, оставете го да стои околу 15 минути, а потоа извадете го од калапот.
  8. Печениот куглоф оставете го да се излади, а потоа декорирајте го со растопено црно и бело чоколадо. На здравје!

Совети плус:

  1. За да бидеш сигурен дека нема да погрешиш, користи Екстра бело брашно од Жито Лукс. Екстра е и за колачи, за кифли, погачи…
  2. За да не ти се залепи куглофот на калапот, следи ги насоките: со силиконска четка премачкај го калапот со растопен путер или масло, а потоа да го пороси го со тенок слој брашно. Доколку користиш путер, премачканиот калап остави го неколку минути во фрижидер за да се стегне, а потоа посипи го со брашно. Калапот треба добро да се протресе, за брашното да се распореди рамномерно.
  3. За време на печењето, најважно е во првите 30 минути да не се отвора рерната. 

Може да те интересира: Слаткарски водич: 5 важни совети за успешни десерти.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: