Има многу различни рецепти за лазања со мелено месо, како и многу различни варијации на ова светски популарно италијанско јадење. Лазањата се приговувала уште многу одамна, а постојат записи дека уште во Антички Рим се правело јадење познато како lasana или lasanum, многу слична на денешната традиционална лазања. Лазањата традиционално се прави со кори, рагу сос (сос од мелено месо), бешамел и пармезан. Овој пат ви го претставуваме најдобриот рецепт за лазања со мелено месо и бел сос.
Ако немате идеја што да подготвите за ручек, тогаш бидете сигурни дека нема да погрешите доколку ја направите оваа сочна лазања со мелено месо и бел сос. Начинот на подготовка е лесен и едноставен, а нејзиниот вкус е вистинско уживање. Вреди да се проба!

Состојки за рагу сос со мелено месо:
- 2 лажици маслиново масло
- 900 гр мелено телешко месо
- 2 средни главици ситно сечкан кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици брашно
- 150 мл говедски бујон
- 3 лажици доматно пире
- 1 лажица свежа сечкана мајчина душица (во замена може да користите 1 мала лажичка сушена мајчина душица или оригано)
- 800 грама домати од конзерва.
За бел сос:
- 50 гр путер
- 50 гр брашно
- 750 мл топло млеко
- 2 лажици сенф
- 50 грама кравји кашкавал
- сол и црн пипер по вкус.
За лазања:
- 10-12 кори за лазања
- 100 гр рендан кашкавал
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрева на 160 степени.
- На оган ставете поголема нелеплива тава да се загрее. Во загреаната тава додајте го маслото. Потоа, додајте го меленото месо и пропржете го додека добие убава кафеава боја.
- Тавата тргнете ја од огнот, а месото ставете го во чинија.
- Тавата вратете ја на оган и додајте ги ситно сечканиот кромид и лук. Пржете ги додека омекнат. Во тавата додајте го запрженото мелено месо и брашното. Измешајте со лажица, додајте го говедскиот бујон и оставете ја смесата да зоврие.
- Потоа, додајте го доматното пире и мајчината душица. Измешајте и додајте ги доматите од конзерва. Штом сосот зоврие, тавата покријте ја со капак, намалете ја температурата и оставете го сосот да се вари за време од 1 час или додека месото омекне.
- Следно, направете го белиот сос. Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи. Додајте го брашното и пропржете го околу 1 минута. Постепено додавајте го топлото млеко и мешајте со жица за матење додека се добие густа смеса. Во сосот додајте го сенфот, ренданиот кашкавал и зачинете со сол и мелен црн пипер. Тенџерето тргнете го од огнот.
- Во тава за печење ставете 1/3 од сосот со месото. Потоа, додајте 1/3 од белиот сос и наредете еден слој од корите за лазања. Повторно ставете од 1/3 сосот со месото, 1/3 од белиот сос и наредете го вториот слој од кори со лазања. На крај, ставете го преостанатиот сос од мелено месо и додајте го белиот сос. Поросете со ренданиот кашкавал.
- Лазањата оставете ја за време од 6 часа за да омекнат корите. Доколку немате толку време за подготовка, може да го скратите овој чекор, така што, пред да ги редите корите, претходно ќе ги ставите во вода која врие за време од 3 до 5 минути.
- Зголемете ја температурата на рерната на 200 степени. Ставете ја лазањата да се пече околу 45 минути додека кашкавалот се запечи и корите се меки. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Лазања со спанаќ и изварка.