Лесен рецепт идеален за време на пости! Пастрмката се смета за кралска риба. Нејзиниот нежен вкус и бројните придобивки за здравјето ѝ даваат место на пиедесталот меѓу рибите. Ако сакате да се храните здраво и да направите промена на вашето секојдневно мени, пробајте го овој рецепт за печена пастрмка во рерна. Превкусна и брза за подготовка!
Одличниот вкус заедно со високата хранлива вредност ја прават оваа риба добредојден гостин на нашите трпези. Печената пастрмка во рерна е едноставно јадење што секој може да го направи и тоа со само неколку состојки.

Состојки:
- 4 парчиња пастрмка
- 1 главица кромид
- 3-5 чешниња лук
- 1 морков
- 1 домат
- бело вино
- магдонос, рузмарин, ловоров лист
- 1 лимон
- 2-3 лажици маслиново масло
- сол и црн пипер во зрно по вкус.
Подготовка:
- Пастрмките оставете ги да се одмрзнат, а потоа исчистете ги и посолете ги. Пресечете ги во внатрешната страна.
- Кромидот, магдоносот и лукот ситно исечкајте ги. Морковот изрендајте го на покрупната страна од рендето. Додајте 1 лажица масло, црн пипер, сол и измешајте.
- Со подготвената смеса наполнете ги пастрмките.
- Тавата за печење премачкајте ја со масло. Наредете ги пастрмките во тавата и попрскајте ги со маслиново масло. Врз рибата ставете и неколку тенки кругови кромид. Во тавата додајте малку бело вино, црн пипер во зрно, рузмарин и ловоров лист. Ставете и домат исечкан на кругови.
- Вака подготвените пастрмки печете ги во загреана рерна на 200 степени додека поруменат.
- За време на печењето, врз нив повремено поливајте ги со течноста од тавата.
- Печените пастрмки послужете ги додека се топли со гарнир по желба.
Совети плус:
- Пред печењето ставете тенки парчиња лимон врз рибата. На тој начин кожата нема да си исуши и рибата ќе биде сочна.
- А доколку ставите парчиња лимон и под рибата таа нема да се залепи на дното.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 најздрави видови на риба според нутриционистите.