Го имаме наједноставниот и највкусниот рецепт за подготовка на колбаси. Супер идеја за брз ручек или мезе за пријателите. Печени колбаси со сланина и кашкавал, одлични во комбинација со чаша пиво. Направете ги и почастете се со најблиските со едноставен и вкусен специјалитет.
Никој не сака да поминува многу време во кујната и да спрема разни јадења. Ние имаме совршен рецепт за вас кој ќе го обожаваат сите, а потребни ви се само 5 минути за подготовка. Ви предлагаме да направите печени колбаси со сланина и кашкавал и да ги послужите со тартар сос или гарнир по ваша желба.

Состојки:
- 6 колбаси од Агриа
- 3-4 парчиња кашкавал
- 6-8 тенки парчиња чадена сланина
- 2 лажички тартар сос.
Подготовка:
- Засечете ги колбасите со нож по должина.
- Во празнините ставете парчиња кашкавал.
- Завиткајте ги колбасите со сланина и прицврстете ги со чепкалки за заби.
- Колбасите наредете ги во тава и ставете ги да се печат на 200°C. Кога кашкавалот ќе се растопи, а сланината ќе стане крцкава, извадете ги од рерна.
- Печените колбаси послужете ги со тартар сос и уживајте во вкусот. На здравје!
Совети плус:
- Ти се допадна рецептот? Сакаш да го направиш? Потребно ти е малку време за подготовка и квалитетни намирници. Посети ги месарниците на Агриа и набави си колбаси од македонско производство. Во нивната палета ќе најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси како и различни месни преработки. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
- При подготовка на колбасите може да додадете и зачини по ваш вкус (црн пипер, оригано или кари).
- По потреба, зголемете ја количината на состојките.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни колбаси со праз.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.