Овој едноставен рецепт за печени крцкави пилешки крилца доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone, која најтопло ни препорачува да го направиме и дегустираме.
Па, штом следен пат правите пилешки крилца, зошто не го испробате овој рецепт? A, откако ќе ги дегустирате, не заборавајте да ни пишете во коментар, како ви се допаднале.

Состојки:
- свежи пилешки крилца
- брашно
- сол
- мешан зачин по желба (во замена може да користете кари, мелен лук и кромид во прав)
- ситна црвена пипер
- свежи или сушени зачини по желба (магдонос, рузмарин, мајчина душица и други)
- малку масло.
Подготовка:
- Пилешките крилца измијте ги и избришете ги со кујнска крпа.
- Во длабок сад направете смеса од брашно, сол, мешан зачин, мелена црвена пиперка (слатка или лута по желба), додајте свежи сечкани или сушени зачини по желба. Убаво измешајте ја смесата, па во неа убаво извалкајте ги крилцата од сите страни.
- Во тава за печење наредете ги крилцата и прелијте ги со малку врело масло. Печете ги во претходно заграена рерна на 200 степени, во горниот дел за време од 40 минути. Во текот на печењето, не треба да се превртуваат, а готови се штом убаво заруменат.
- Печените пилешки крилца се највкусни додека се топли, но исто така се вкусни и кога се изладени. Пријатен апетит!
Ви предлагаме да прочитате: Едноставен и брз рецепт за печени копани во рерна.