Одличен спој на вкусови и совршен ручек за ладните денови! Ви предлагаме да направите печени свински ребра со кисела зелка. А најдобро е тоа што рецептот е прилагоден и за оние што се на хроно исхрана.
Многумина ќе се согласат дека ни една зима не може да помине без јадење во кое што се користи киселата зелка. А кога со неа ќе искомбинирате и свинско месо, ќе добиете вистинско гурманско уживање. Не двоумете се и пробајте го овој рецепт за свински ребра со кисела зелка што поскоро.

Состојки:
- 1 кг свински ребра од Агриа
- околу 1200 г кисела зелка
- неколку парчиња сланина
- 1 сува пиперка
- неколку ловорови листoви
- 1 лажичка мелена црвена пипер
- масло или 1 лажица сало
- 1 лажица ким по желба
- сув магдонос
- сол, црн пипер и лук во прав по вкус.
Подготовка:
- Исечкајте ја киселата зелка и исплакнете ја со ладна вода. Тавата за печење премачкајте ја со масло или сало. На дното на тавата ставете половина од киселата зелка.
- Ребрата зачинете ги со сол, црн пипер и лук во прав. Наредете ги врз зелката и посипете ги со мелена црвена пипер и ким по желба. Помеѓу ребрата ставете неколку ловорови листови, сланина и сечкана пиперка.
- Покријте ги ребрата со уште еден слој кисела зелка, додајте сув магдонос и додајте масло. Потоа прелијте ја зелката со вода.
- Над тавата ставете алуминиумската фолија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 70 минути. Потоа, отстранете ја фолијата и печете уште малку додека зелката да зарумени.
- Декорирајте со свеж магдонос и послужете додека е топло во комбинација со чаша црвено вино по желба. На здравје!
Наша препорака:
Овој период киселата зелка е застапена скоро во секој дом и сите бараме рецепти да ја искористиме количината која ни преостанала. Овој рецепт е одличен за да се најде на зимската трпеза, па препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа, да набавите свински ребра и да направите вкусен ручек за вашето семејство. Од Агриа имаат ребра, а и други видови месо со врвен квалитет. Тие имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор!

Ви препорачуваме да прочитате: Печени свински ребра со соја сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.