Секоја домаќинка си има свој испробан рецепт за подготовка на свински ребра. Денес, ви предлагаме да пробате нешто ново и да направите печени свински ребра со соја сос. Имаат неверојатен вкус кој сигурно ќе ве натера да посегнете по парче плус.
Свинските ребра може да се подготват на различни начини. Како и да ги подготвувате, тие ќе бидат повкусни и посочни доколку пред подготовка ги маринирате. Овие печени свински ребра со соја сос имаат брза подготовка и се маринираат со состојки кои сигурно ги имате во кујната.
Може да ве интересира: Како да направите печени свински ребра со совршен вкус?

Состојки:
- 1 кг свински ребра од Агриа
- 150 мл соја сос
- 2 лажици мед
- 1 лажица оцет
- 2 лажички кафеав шеќер
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка кари во прав
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- сол по вкус.
Подготовка:
- Исечете ги ребрата до саканата големина.
- Во сад измешајте ги другите состојки и прелијте ги ребрата. Убаво измешајте ги и оставете да отстои во фрижидер околу еден час.
- Тавата за печење обложете ја со алуминиумска фолија. Наредете ги ребрата и прелијте ги со остатокот од сосот. Додајте една чаша вода и ставете ги да се печат во рерна загреана на 160 степени.
- За време на печењето неколку пати свртете ги ребрата и по потреба додајте вода. Печете околу 40-45 минути, во зависност од рерната, додека да добијат убава боја.
- Печените ребра сервирајте ги по желба и послужете ги. На здравје!
Наша препорака:
За да направите вкусен ручек потребни ви се квалитетни намирници. Затоа, за подготовка на овој рецепт важно е да користите свежо свинско месо од проверени производители. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите Агриа. Во месарниците на Агриа, Рамстор и Тинекс маркетите може да најдете свежи свински ребра, како и свински кременадли, каре, бут, плешка, врат… од домашно производство. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Секогаш свежо и со премиум квалитет!

Ви препорачуваме да прочитате: Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.