Започнува најубавиот период од годината! Новогодишните и Божиќните празници се најомилени, затоа што тогаш се готват највкусните јадења. Од прилози и салати, главно јадење и десерти, празничната трпеза е вистинско уживање. Збогатете ја трпезата со уште еден вкусен специјалитет, а домот со неодолив мирис! Пробајте да направите печено пиле со крцкава кора по нашиот најнов рецепт!
Спремете ја трпезата, декорирајте ја со новогодишни мотиви и соберете го семејството. Подгответе ги вашите омилени салати и кифлички, а како главно јадење послужете печено пиле со крцкава кора. Уживањето во вкусовите ќе биде неизмерно.

Состојки:
- 1 пиле (околу 1,5 кг)
- 1 ½ лажици маслиново масло од Фила
- сол и црн пипер по вкус
- ½ лажичка суво оригано
- 1 лажичка сув босилек
- 1 лажичка мелена црвена пипер.
За сервирање:
- неколку гранчиња рузмарин
- парчиња портокал по желба
- калинка по желба.
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрева на 230 степени. Пилето исчистете го и убаво измијте го под млаз ладна вода, а потоа исушете го со сува крпа или кујнска хартија.
- Ставете го во тава за печење. Одозгора премачкајте го со маслиново масло.
- Во помал сад ставете ги солта, црниот пипер, ориганото, босилекот и црвената пипер. Измешајте и рамномерно посипете ги зачините врз пилето.
- Вака подготвеното пиле ставете го да се пече во рерна 20 минути. Потоа, намалете ја температурата на 200 степени и продолжете со печење уште 40-50 минути, или додека добие убава боја.
- Извадете ја тавата од рерна и оставете да отстои најмалку 10 минути пред да го послужите.
- Сервирајте, декорирајте по желба и нека ви е на здравје!

Совети плус:
- Ако пилето премногу брзо се запечи на површината, покријте го со алуминиумска фолија. Пред крајот на печењето, извадете ја фолијата.
- Прилогот за сервирање може да го ставите да се подготвува во истата тава. По желба, додајте компири, морков, целер, лук и кромид.
- Зачините може да ги комбинирате по ваш вкус. Може да користите и мајчина душица, ловоров лист или жалфија.
Наша препорака:
Маслиновото масло сѐ почесто е застапено во македонската кујна за подготовка на разни јадења. Поради природниот и неутрален вкус, исто така може да се користи и во склоп на преливи за салати. Богато е со витамини, масни киселини и други состојки кои се неопходни за нашето тело да функционира нормално. Маслиновото масло го забрзува метаболизмот, го поттикнува согорувањето на маснотиите и ја подобрува апсорпцијата на храната во дигестивниот тракт. Поттикнува прочистување на организмот со што ја забрзува перисталтиката на цревата и нивното празнење. Го штити здравјето на срцето, го намалува холестеролот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, погодно е и за нега на кожата, косата и ноктите како и за ублажување на изгореници од сонце. Има разни производители, но ние имаме препорака за наш македонски проверен партнер за ладно цедени масла, а тоа е Фила и секогаш ги бираме како број еден за набавка на маслиново масло. Имаат палета со ладноцедени масла кои може да ги набавите од поголемите маркети или пак, да ги нарачате од онлајн продавницата на Фила.

Ви препорачуваме да прочитате: Факти и совети кои е неопходно да ги знаеме за маслиновото масло ако сакаме да го извлечеме максимумот од него!
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан од Фила.