печено свинско каре

Печено свинско каре – едноставен рецепт

Се прашувате што вкусно да зготвите денес или сакате да организирате фамилијарен ручек викендов? – Имаме одличен предлог за убава гозба. Направете печено свинско каре кое се топи во уста. Ем лесно, ем вкусно за сите!

Испробајте го овој рецепт за печено свинско каре кој се прави од само неколку состојки. За почеток, посетете ги месарниците на Агриа и набавете свежо и квалитетно свинско месо. Тие секогаш одговараат на нашите очекувања, па топло ги препорачуваме. Месото од Агриа е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Посетете ги нивните месарници ширум земјата или Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја нивната веб страница и следете ги на Facebook и Instagram.

Печено свинско каре

 Состојки:

Подготовка:

  1. Свинското каре измијте го и посипете го со мешан сув зачин. Оставете го да отстои околу половина час во фрижидер.
  2. Тавата за печење премачкајте ја со масло. Ставете го свинското каре и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 70 минути.
  3. За време на печењето, повремено, месото преливајте го со вода по потреба.
  4. Печеното свинско каре, исечете го на парчиња и послужете го додека е топло со гарнир и свежа салата по избор. На здравје!

Совети плус:

  • По желба, свинското каре пред печење засечете го на неколку места со нож, ставете сечкани чешниња лук и посипете го со ким.
  • Свинското каре може да го испечете и во ќеси за печење. На тој начин месото ќе биде уште посочно и ќе добие убава боја.
свинско каре Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Роловано свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: