печено месо со лук и рузмарин

Печено свинско месо со лук и рузмарин

Меко, сочно и крцкаво! – Направете го највкусното печено свинско месо со лук и рузмарин за празниците. Тајната се крие во изборот на квалитетно парче месо, добар и испробан рецепт, маринада и печење на ниска температура.

Секоја празнична трпеза ја краси убаво приготвено парче месо. А, како вие го припремате месото за празниците, кој е вашиот омилен рецепт? – Посетете ја групата Сѐ за храна и споделете ги најубавите омилени рецепти.

свинско месо со лук и рузмарин 2

Состојки:

  • 2-3 кг свински бут од Агриа (може да користите и плешка, врат)
  • крупна морска сол по вкус
  • неколку гранчиња рузмарин
  • 3-4 моркови со средна големина
  • масло по потреба
  • црн пипер и лук по вкус
  • 12 ленти чадена сланина по желба.

Подготовка:

  1. Парчето месо добро измијте го со ладна вода, на одредени места засечете го длабоко од двете страни (горната и долната страна). Посолете го со сол и истријте го со рузмарин.
  2. Морковот излупете го и исечкајте го на кругови. Ставете го во длабок сад.
  3. Во засеците на месото ставете сол, малку рузмарин и сечкан лук. Месото ставете го во садот со морковите и додајте го маслото. Садот покријте го со капак или најлонска фолија. Вака маринираното месо оставете го во фрижидер за време од 18-20 часа. Притоа, повремено превртувајте го и полевајте го со маслото.
  4. Во тава за печење ставете ги морковите и додајте го свинското месо. Поклопете го со капак и печете го во загреана рерна на 150 -180 степени за време од 2-3 часа. За време на печењето, превртувајте го и преливајте го со маринадата.
  5. На крајот од печењето (30-тина минути), извадете го капакот и продолжете со печење. По желба врз парчето месо ставете сланина исечена на тенки ленти. Така месото ќе добие крцкава кора.
  6. Печеното месо сервирајте го со прилог по желба.

Наша препорака:

При набавката купувајте свежо месо од проверени производители, а наша препорака се Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Свежото месо може да го најдете во месарниците на Агриа ширум земјава, а исто и во маркетите на Тинекс и Рамстор. Веруваме дека штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, тоа ќе остане вашиот прв избор! За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

свежо свинско месо од Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Празничен терин – ролат со мелено месо и фстаци.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: