Пилешкото месо на многумина им е едно од омилените јадења, а покрај одличниот вкус, неговата предност е во тоа што брзо се приготвува. Убаво е да знаете дека не мора да бидете професионален готвач за да создадете магија во кујната. А за да ви помогнеме, ви прикажуваме како на едноставен начин да направите вкусен пилешки стек со бадеми и да ги почестите вашите пријатели со неверојатен специјалитет.
Високата количина на протеини го прави пилешкото месо идеално за одржување на нашето тело здраво и витко. Покрај тоа, изобилува со есенцијални нутриенти и витамини. Огромен плус е и тоа што ова месо дозволува подготовка на многу различни начини. Во оваа прилика ви предлагаме да пробате да направите печен пилешки стек со бадеми и тоа што поскоро, бидејќи навистина има фантастичен вкус и ќе си го меморирате рецептот.

Состојки:
- 500 г пилешки стек од Слога
За валање:
- 3 јајца
- 200-300 г брашно
- 200 г сечкани или мелени бадеми.
Подготовка:
- Исечете го пилешкиот стек на помали средно тенки парчиња.
- Во посебен сад јајцата изматете ги со виљушка.
- Во одделен сад измешајте ги брашното и сечканите бадеми.
- Парчињата пилешко извалајте ги прво во брашното, па во јајцата и на крајот во бадемите.
- Месото наредете го во тава обложена со хартија за печење. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 10 минути.
- Готовото месо послужете го со сос по желба. На здравје!
Совети плус:
- За валање, наместо бадеми може да користите и лешници или кикиритки.
- За подготовка на овој рецепт препорачуваме да изберете пилешки стек од Слога, со кој и ние најчесто ги приготвуваме јадењата. А, освен пилешки стек, нивната палета е богата и нуди најразлични пилешки производи, како пилешки копани без коска, пилешки копан со наткопан, пиле, пилешки краток копан, пилешки крилца и други производи. Посетете ја нивната веб страница или Facebook фан страница и разгледајте подетално кои други производи ги нудат!

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за пилешка салата.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.