Печен пилешки стек со кашкавал – гурмански специјалитет

Сакаш убаво јадење со нов вкус?! – Имаме баш такво на менито денес, за домашните и за честење, совршено во секоја смисла! А, од време на време, на сите ни се случува да немаме идеја што да подготвиме за ручек. Па, не очајувај, тука сме да ти помогнеме. Пробај печен пилешки стек со кашкавал, идеален предлог за промена на менито!

Брз и вкусен ручек за сите кои немаат многу време за готвење. Погледнете кои состојки ви се потребни и како лесно да подготвите гурманско уживање за сите.

Печен пилешки стек со кашкавал – гурмански специјалитет

Состојки:

Подготовка:

  1. Ставете ги пилешкото месо на даска за сечење. Со остар нож засечете го стекот на 4-5 места попречно.
  2. Кашкавалот исечете го на потенки парчиња. Доматите исечкајте ги на кругови, а потоа секој круг пресечете го на половина. Лукот ситно исечкајте го.
  3. Во секој засек на пилешкото месо ставете парче кашкавал, половина парче домат и 1 лист свеж босилек. Обидете се наизменично да ги менувате парчињата на додатоците за да изгледа убаво.
  4. Садот за печење премачкајте го со маслиново масло или ставете хартија за печење. Ставете ги подготвените парчиња стек и прелијте ги со малку масло.
  5. Врз стекот ставете го сечканиот лук и зачинете по вкус.
  6. Ставете да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, додека стекот добие убава боја.
  7. Готовиот печен стек сервирајте го со гарнир по желба и послужете го. На здравје!

Совети плус:

  • Количината на состојките може да ја прилагодите според потребите.
  • Подготвеното пилешко месо може да го чувате во херметички затворен сад и во фрижидер два до три дена.
  • Дали досега сте го пробале Royal Gold кашкавалот од Слога? Ако вашиот одговор е Не, тогаш овој рецепт нека биде причина за тоа. Royal Gold кашкавалот од нашите пријатели Слога може да го најдете во сите подобро снабдените маркети ширум земјата.
  • А за подготовка на овој рецепт препорачуваме да изберете пилешки стек од Слога, со кој и ние често ги приготвуваме јадењата. А, освен пилешки стек, нивната палета е богата и нуди најразлични пилешки производи, како пилешки копан со наткопан, пилешки краток копанпилешки крилца и други производи. Посетете ја нивната веб страница или Facebook фан страница и разгледајте подетално кои други производи ги нудат! Уживајте во готвењето и на здравје!
Печен пилешки стек со кашкавал – гурмански специјалитет

Ви препорачуваме да прочитате: 4 проверени начини за највкусно пилешко месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: