Ако сте љубител на пилешко месо, имаме одличен рецепт за вас, пилешко похувано во пиво! Одлично е за мезење со друштво. Има лесна подготовка, па не мора да поминувате многу време во кујната. Направете го и поканете ги пријателите да го следите фудбалскиот натпревар и да навивате за вашата омилена репрезентација!
Пилешкото месо е одличен извор на протеини, содржи мал процент на маснотии и лесно и брзо се подготвува. Крцкавото и вкусно пилешко похувано во пиво е добра идеја и за брз ручек во комбинација со печени компири и доматен сос.

Високата количина на протеини го прави ова месо идеално за одржување на нашето тело. Покрај тоа, изобилува со хранливи материи. А, огромен плус е и тоа што пилешкото месо може да се подготви на многу различни начини.
Состојки:
- 500 г пилешки стек од Слога
- 150 г брашно
- 2 јајца
- 250 мл пиво
- сол и кари зачин по вкус.
Подготовка:
- Во поголем сад ставете ги јајцата и изматете ги со помош на виљушка. Додајте ги пивото и брашното. Посолете по вкус и убаво измешајте. Оставете смесата да отстои додека го подготвувате пилешкото месо.
- Пилешкиот стек исечете го на ленти. Лентите месо посолете ги и зачинете ги со сол и кари по вкус.
- Подготвените ленти месо потопете ги во смесата со пиво и ставете ги да се пржат на претходно загреано масло.
- Кога месото ќе добие златно кафеава боја извадете го од тавата и ставете го во сад обложен со хартија.
- Похуваното пилешко месо послужете го топло во комбинација со чаша ладно пиво. На здравје!
Наша препорака:
Набавете пилешки стек од Слога и направете супер вкусен ручек или мезе за пријателите. Покрај пилешкиот стек, нивната палета нуди најразлични пилешки производи како пилешки копани без коска, пилешки копан со наткопан, пиле, пилешки краток копан, пилешки дропчиња и пилешки желудник. Посетете ја веб страницата или Facebook фан страницата на Слога и разгледајте подетално кои производи ги нудат.

Автор на рецепт: Марија Кочовска.
Ви препорачуваме да прочитате: Гурмански специјалитет – пилешко Киев.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.