Сега е сезоната на тиквичките. Искористете ги и направете лесен и интересен рецепт. Потребни ви се неколку лесно достапни состојки, а подготовката е едноставна и неверојатно брза! Оваа пита од тиквички е одлична за појадок, вечера или мезе.
Размислувате како да ги воведете тиквичките во исхраната на вашите деца? Знаете дека се здрав зеленчук, но ретко ги користите? – Оваа пита сигурно ќе ве воодушеви и ќе ве мотивира почесто да ги употребувате тиквичките во исхраната. Подгответе го овој рецепт и докажаете се пред вашето семејство и пријатели дека сте вистински мајстор во кујната.

Состојки:
- 2 тиквички
- 1 мала главица кромид или млад кромид по избор
- 1 чаша брашно (по желба може да користите интегрално или мешавина)
- ½ ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- ½ чаша Брилијант масло
- 4 јајца
- ¼ – ½ чаша пармезан
- ½ до 1 чаша Чедар сирење или кашкавал по избор
- сол и црн бибер по вкус.
- чери домати по желба.
Подготовка:
- Тиквичките излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
- Сирењето изрендајте го и оставете го во посебен сад.
- Во подлабок сад со виљушка убаво изматете ги јајцата. Додајте ги брашното, Брилијант маслото и прашокот за печиво. Убаво измешајте.
- Потоа, додајте ги пармезанот, чедар сирење и кромидот. Посолете по вкус, додајте црн бибер и повторно убаво измешајте, за да се соединат состојките.
- Подготвената смеса ставете ја во тава за печење, претходно премачкана со малку масло. Од горе додајте ги сечканите чери домати.
- Печете ја питата во загреана рерна на 180 степени за време од 40-45 минути.
- Кога питата ќе добие убава златно-кафеава боја, извадете ја од рерната и оставете ја да се излади.
- Питата од тиквички исечете ја на парчиња и декорирајте ја со чери домати, рендан кашкавал и листови босилек по желба. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.