Прелијте ги сочните плескавици со сос од пиво и уживајте во вистинските гурмански ароми и вкусови! Ние го пробавме рецептов и многу ни се допадна.
Одлични за разни пригоди, за домашните и за гости, а посебно за сите љубители на вкусна храна со неодоливи сензации.

Состојки:
За плескавици:
- 2 средно големи главици кромид
- 1 чешне лук
- 1/2 лута пиперка или малку лута пипер
- половина снопче магдонос
- 500 гр мелено телешко месо
- 1 јајце
- 2 лажици лебни трошки
- сол и црн пипер по вкус
За сос:
- малку масло за пржење
- 2 средно големи главици кромид
- 100 мл темно пиво
- 150 мл јунешка (телешка) супа од коцка.
Подготовка:
- Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Добро е главиците кромид да ги сместите во одделни садови. Две од нив ќе ви бидат потребни за плескавиците, а другите две за подготовка на сосот.
- Пиперката исчистете ја од семките и исечкајте ја на ситни коцки.
- Магдоносот измијте го и исечкајте го на ситно, исто така.
- Месото измешајте го со сечканиот лук и кромид, магдоносот и пиперката или пиперта. Може да ја измесите смесата со рака.
- Потоа, додајте го јајцето, лебните трошки, солта и црниот пипер.
- Од добро измесената смеса направете плескавици. За полесно да ги обликувате може да ги навлажните рацете со малку вода или да користите најлонска фолија.
- Загрејте масло во тава на оган и испржете ги плескавиците од двете страни. Кога се готови извадете ги и оставете ги на топло место.
- Остатокот од кромидот испржете го во маслото во кое се пржеле плескавиците, па налејте го пивото и супата. На крај, со готовиот сос прелијте ги топлите плескавици. Прилогот го оставаме на вашите желби, а предлагаме да направите компир пире или динстан зеленчук.
Ви препорачуваме да прочитате: Посни плескавици од компири.