recept za pogaca so fil od tikvicka

Погача со фил од тиквички и сирење

Мека како душа, со превкусен фил од тиквички и сирење! Баш вака може да се опише убавата погача со фил од тиквички и сирење, која ја приготви Невена.

Таа вели: „Преубаво, меко, полнато лепче погодно за доручек или вечера со чаша јогурт“. Состојките кои ви се потребни за подготовка на оваа погача се едноставни и најверојатно ги имате во кујната.

pogaca so fil od tikvicka

Состојки:

  • 250 мл топла вода
  • 100 мл масло
  • ½ коцка квасец
  • 1 лажиче сол
  • ½ лажиче шеќер
  • 500-600 гр брашно.

За фил:

  • 1 средна (450 гр) тиквичка
  • 250 гр изварка (урда)
  • 2 мали јајца
  • прстофат суво нане
  • по вкус сол и црн пипер
  • путер по потреба.

Подготовка:

  1. Пред да го замесите тестото, тиквичката изрендајте ја, ставете ја во цедалка, посолете ја и оставете ја да стои и испушти водата.
  2. Замесете го тестото.
  3. Во сад за месење ставете го маслото, јајцето, солта, шеќерот, изронатиот квасец, водата и со постепено додавање на брашното замесете изедначено и меко тесто. Покриено оставете го да одмори, додека да нарасне за време од 20 минути.
  4. Додека тестото нараснува подгответе го филот.
  5. Ренданата тиквичка убаво исцедете ја од водата и ставете ја во чинија. Јајцата изматете ги со виљушка. Одвојте малку од матените јајца, за подоцна да ги искористите за премачкување на погачата.
  6. Во садот со матените јајца додајте ги тиквичката, сирењето, нането, сол и црн пипер по вкус и измешајте.
  7. Тестото поделете го на 15 топчиња. Од секое топче расукајте мала коричка, на средината ставете по 2 лажици од филот и со странично собирање и притискање на прстите убаво затворете го.
  8. Топчињата ставајте ги во намачкана тава со масло бр 28. Кога сите се готови премачкајте ги со јајцето, посипете со сусам и наредете неколку парченца путер.
  9. Вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени, а за тоа време погачата ќе нарасне.
  10. Ставете ја да се печи во загреаната рерна за време од 40 минути или времето одредете го спрема вашата рерна. Печената погача со фил од тиквички и сирење извадете ја од рерната и покријте ја со кујнска крпа. Оставете ја кратко да се излади, а потоа послужете ја. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Декоративна погача со сирење и спанаќ.

Сподели: