Посен велигденски рецепт – „Потковици“ во зелен сос

Готвиме и се забавуваме заедно! Ги правиме најдобрите рецепти, разговараме во живо и ги наградуваме најсреќните. Имаме 15 минути за презентација на убави јадења и размена на кулинарски искуства. Во втората емисија на кулинарското Ig Live шоу – 15 минути,  @kocovska.marija и @katerina.shambevska ни приготви ја превкусен крцкав ослич и го сервираа со пире од грашок.

Дел од вас кои ја следеја емисијата го испробаа рецептот и ни кажаа дека е супер, па ако не ја погледна емисијата и ти треба идеја за велигденската трпеза испробај го овој рецепт.

ослич со пире од грашок

Крцкав посен ослич

Состојки за подготовка на 4 риби:

  • 1 кг ослич.

За смеса:

  • 1/2 чаша пченкарно брашно
  • 1/2 чаша палента
  • 1 лажица мешан зачин
  • 1 рамно лажиче сол
  • 1 рамно лажиче црн пипер.

* Чашата е од 250 мл.

За пржење или печење:

  • масло по потреба.

Подготовка на осличот:

  1. Прво извадете ги рибите од паковањето и оставете ги околу 30 минути на собна температура за да се одмрзнат.
  2. Во меѓувреме припремете ја смесата за валање. Во поширок сад добро измешајте ги пченкарното брашно, палентата, мешаниот зачин, солта и црниот пипер.
  3. Потоа, на даска со поголем нож кој добро сечи, исечете ги рибите на парчиња кои наликуваат на кременадли, со дебелина од 1.5 до 2 см или по ваша желба.
  4. Така исечените парчиња извалајте ги во претходно припремената смеса од сите страни, а потоа испржете ги во тавче со загреано масло или испечете ги во загреана рерна на 250 степени, за време од 20 до 30 минути, зависно од тоа колку сакате да се крцкави парчињата или пак ако ги сечете да се подебели, мора да го продолжите времето на печење за 5 до 10 минути. Ако ги печете, наредете ги во плех обложен со хартија за печење, а потоа налејте по малку масло врз секое парче. Секако се убави, на здравје!

Совети плус:

  • Ако сакате може да ја излупите рибата од кожата, така ќе има златно жолта боја и убаво ќе прими вкус. За постапката, погледнете како се прави тоа на видеото од емисијата.
похуван ослич

Посно пире од грашок

Состојки:

  • 400 г замрзнат грашок
  • лук во прав
  • 4-5 лисја свежо нане
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода да се вари. Во зовриената вода додајте го грашокот и варете го 10-20 минути.
  2. Во длабок сад ставете ладна вода и неколку коцки мраз. Сварениот грашок додајте го во ладната вода и оставете го 5 минути. 
  3. Исцедете го и ставете го во блендер. Додајте 8-10 лажици од течноста во која се вареше грашокот и изблендирајте додека добиете пире. 
  4. Пирето испасирајте го низ цедилка за да добие кремаста текстура. Со лажица ставете во чинија за сервирање и потоа обликувајте го во форма на буквата С. Додајте ги парчињата риба и декорирајте со свежо нане и зрна грашок. Постапката погледнете ја на видеото:

Совети плус:

  • При варењето на грашокот може да додадете свеж лук и кромид, а потоа заедно да ги изблендирате зеленчуците.
  • Втора опција е да пропржите кромид на малку масло или путер (ако не постите), а потоа да го изблендирате со грашокот.

Автори на рецептите: Катерина Ш. Спасеновскa, @katerina.shambevka и Марија Кочовска, @kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Како до балансирана исхрана за време на пости? Интервју со нутриционист Марија Апостоловска.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: