Штом станува збор за подготовка на ориз, можеме да кажеме дека Невена е една од најдобрите наши соработнички. Таа има супер рецепти, а има и што да научиме за подготовката на оризот. Овој пат со нас го сподели рецептот за посен ориз со брокула, кој се приготвува многу брзо.
На многумина наши читатели, а и нам ни се има случено оризот да биде премногу кашест или пак да не го постигнеме посакуваниот изглед и вкус. Затоа, секогаш добро е да се запазат состојките и начинот на подготовка на одреден, но испробан рецепт.

Состојки:
- 1 чаша (250 мл) ориз
- 500 гр брокула
- 1 голем морков
- 1 мала главица кромид
- 3 чешниња лук
- 2-3 лажици магдонос
- по потреба масло
- по вкус сол, мелен црн пипер и мешан сув зачин
- по потреба жешка вода.
Подготовка:
- Брокулата исечете ја на мали цветчина.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а морковот изрендајте го.
- Во подлабока тава на оган на умерена температура ставете масло да се загрее.
- Во загреаното масло ставете ги кромидот, лукот и ренданиот морков. Пропржете ги додека кромидот омекне.
- Потоа додајте го оризот и измешајте. Додајте ја водата, брокулата, магдоносот и зачините по вкус. Оставете да се вари додека оризот омекне и течноста испари.
- Готовиот посен ориз со брокула послужете го топол со свежа салата по желба. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Ориз со печурки – посен прилог.