Обожавате ли домашни намази и хумус? Ако вашиот одговор е да, тогаш пробајте го рецептот за посниот хумус од грав и авокадо.
Интересна комбинација на состојки, која веруваме дека ќе ви се допадне. Предлогот ни доаѓа од Диана, која рецептот за овој хумус од грав и авокадо го објави на нејзиниот блог Trydiani. Рецептот е посен, без глутен, вегански и многу здрав!

Може да ве интересира: Едноставен посен намаз од печурки и грав.
Состојки:
- 2 чаши бел грав, варен и цеден
- 1 големо авокадо или две помали
- 1-2 чешниња лук
- 2 лажици ситно сечкан свеж магдонос, нане или оригано
- 2 лажици таан или повеќе по вкус
- 3 лажици масло
- сок од ½ до 1 лимон по вкус
- ¼ мала лажичка кимион или мелен ким
- лут црвен пипер по желба
- неколку капки табаско сос по желба
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Авокадото се сече на помали парчиња.
- Во кујнски робот или блендер се ставаат сокот од лимон, маслото и се додаваат останатите состојки. Се миксираат додека се постигне хомогена смеса.
- Во хумусот се додаваа сол, црн пипер, масло и лут пипер по желба. Готовиот хумус се служи со парчиња лимон и свежо оригано. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Оригинален либански рецепт за хумус.