Посна манџа од црвена леќа

Посна и здрава манџа од црвена леќа – од кујната на Марија Кочовска

Здрава и вкусна! Ако ти треба идеја за посен и вкусен оброк, а истовремено брз и едноставен за подготовка, ти препорачувам да ја направиш брзата манџа од црвена леќа. Потребни ти се 15-тина минути за подготовка, а за помалку од половина час ќе имаш вкусен оброк за целото семејство.

Богата со протеини, растителни влакна (21 г во порција), калциум (34%) и железо (27%) е идеален оброк за лица на диета како и за сите други кои внимаваат на исхраната. 

Посна манџа со црвена леќа

Состојки:

  • 1 поголем морков
  • 1 лажица ладно цедено сончогледово масло од Фила
  • 1 лажица кромид во прав или ½ главица свеж кромид
  • 1 мала лажичка лук во прав или 1 чешне лук
  • 250 г црвена леќа
  • 1 лажица мешан зачин
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 лажица црвена пипер
  • 3 ловорови листови
  • 1,5 литар вода. 

Подготовка:

  1. Морковот исечкајте го на мали коцки. Во поголемо тенџере ставете го маслото и додајте го морковот. Пропржете го 2-3 минути, а потоа додајте ги лукот и кромидот. Продолжете со пржење уште 1-2 минути. Ако користите свежи зеленчуци, пропржете ги подолго време. 
  2. Во тенџерето додајте 1 чаша вода и оставете да вари околу 5 минути. 
  3. Леќата измијте ја и додајте ја во тенџерето. Додајте ја водата, покријте го тенџерето со капак и оставете ја леќата да вари на тивок оган околу 10 минути додека омекни. 
  4. Потоа зачинете ја со мешан зачин, сол и мелен црн пипер, црвена пипер и ловорови листови. Исклучете го огнот и оставете ја леќата покриена уште 5-10 минути за да се соединат вкусовите. Потоа послужете ја додека е топла. На здравје! 
Нутритивна анализа за посна манџа од црвена леќа

Неколку придобивки од состојките кои се користат:

Црвена леќа – Црвената леќа е помалку позната намирница, а многу корисна за здравјето. Во 100 грама црвена леќа има неверојатни 26 грама протеини, што ја прави вистинско протеинско богатство! Во 100 г содржи околу 350 калории. Растителните влакна кои ги содржи делумно се растворливи и го снижуваат холестеролот, а делумно се нерастворливи и го помагаат варењето, со што помагаат во слабеењето.

Ладно цедено сончогледово маслоОва масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело. Дел од придобивките се: 

  • го зајакнува имунитетот
  • му дава енергија на телото
  • корисно е за срцето.

Јас користам ладно цедено сончогледово масло од Фила, кое е достапно во различни пакувања од 500 мл, 750 мл, 1000 мл. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн преку веб продавница на Фила.

ладно цедено масло од сончоглед фила

Мешан зачин без засилувачи за вкус – За подготовката користев мешан зачин без засилувачи на вкус. Богат е со зеленчук, во својот состав често пати содржи куркума. 

Ако ти се допадна оваа идеја и сакаш да следиш повеќе рецепти од мене, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Посна оброк салата со наут – здрава и го забрзува метаболизмот.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: