За време на пости или кога едноставно сакате да каснете нешто здраво и вкусно, Невена ви предлага одличен рецепт за посна крем чорба од брокула, која вреди да се проба.
Брокулата е неверојатен зеленчук кој изобилува со корисни материи во својот состав и е храна која е погодна и треба секојдневно да се внесува. Независно од нејзината сорта (дали има кратки или долги дршки), брокулата изобилува со витамин Ц, има антиканцерогени својства и растителни влакна, кои имаат голем број на здравствени придобивки. Затоа, уште денес направете ја оваа вкусна крем чорба од брокула.

Состојки:
- 500 грама брокула
- 2 средно големи компири
- 1 морков
- 1 парче праз
- 2 чешниња лук
- 1 лажиче мајчина душичка
- 1 лажиче мешан зеленчук за супа
- 5-6 лажици масло
- по вкус сол и црн пипер
- 1,3 л вода.
Подготoвка:
- Компирите и морковите излупете ги и исечете ги на тенки кругчиња. Брокулата искинете ја мали цветчина, а празот и лукот исецкајте ги.
- Во тенџере на оган на средно висока температура, ставете ги брокулата, морковите, компирите, празот и лукот. Додајте ја водата, зачините и маслото. Оставете да се вари додека зеленчукот омекне.
- Потоа, тенџерето тргнете го на страна и со рачен блендер изблендирајте го.
Посната крем чорба од брокула послужете ја топла со потпечен леб и салата по избор. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Крем супа од брокула.