Ви треба инспирација за посна салата? – Имаме супер идеја за едноставна, вкусна и посна салата од компири и праз која сигурно ќе ја обожавате! Лесно и брзо се подготвува, а вкусот е одличен. Збогатете го празничното мени со уште еден посен деликатес и декорирајте ја трпезата на уникатен начин. Уживајте во празниците и светот на вкусовите!
Секоја домаќинка со голема желба ја припрема празничната трпеза, па затоа убавите и едноставни рецепти се добредојдени. Оваа посна салата од компири и праз е токму таква, од неколку состојки и за брзо време. Можете да ја направите како дел од некоја празнична трпеза или едноставно како посен оброк во кој максимално ќе уживате.
Може да ве интересира: 3 начини за празнична декорација на салфетки – ѕвезда, лист и круна.

Состојки:
- 3 средно големи компири
- 1 поголем страк праз
- 200 г Витанез посен мајонез
- морска сол и црн бибер од Витаминка по вкус.
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги претходно измиените компири и варете ги нелупени. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа излупете ги и исечете ги на помали коцки.
- Празот измијте го, исчистете го и исечкајте го на ситни парчиња. Посолете го по вкус и малку изгмечете го со рацете, па додајте го во садот со компирите.
- Додајте 200 г посен мајонез и црн бибер по вкус. Убаво измешајте.
- Подготвената салата сервирајте ја и декорирајте ја со свеж магдонос по желба. Уживајте во светот на вкусовите!
Совети плус:
- По желба, може да ја намалите или зголемите дозата во зависност од намената.
- Ако не сакате да ја направите посна, тогаш може да користите Витанез мајонез од Витаминка.
- Може да ја послужите и како посен оброк со парче печен леб.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем салата со наут.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.