посни колачи во чаша

Посни колачи во чаша со кокос и лешници

Ова се највкусните посни колачи во чаша кои сме ги пробале! Марија од нашиот тим по повод кулинарскиот предизвик со Витаминка ја приготви оваа слатка магија. Супер се за славите кои доаѓаат, а штом ги направите веруваме дека и вам ќе ви бидат омилени. Постите нека бидат полесни, со најдобрите испробани рецепти од sezahrana.mk. 

Еве што ни кажа Марија за овој рецепт: „Десертите во чаша ми се едни од омилените за подготовка. Сите ги обожаваат, имаат убав изглед и што е најважно, едноставни се за подготовка. По повод нашата куќна слава, но и наредните кои доаѓаат направив превкусни, кремасти посни колачи во чаша. Вкусот потсетува на популарните колачиња „Рафaело“, а ако ги обожавате, тогаш мора да го приготвите овој рецепт. Ванила, кокос и лешници споени во слатка комбинација која верувам дека ќе го освои секој кој ќе ги проба. Вкусот е толку добар, што нема да препознаете дека станува збор за посен десерт.“

посни колачи во чаша

Состојки:

  • 300 г мелени посни бисквити
  • 125 г маргарин
  • 120 мл сок од портокал

За крем:

За декорација:

  • 100 г посна шлаг пена
  • 250 мл газирана вода
  • овошје по избор: калинки, киви…
посни колачи со лешници

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се вари. Прашокот за пудинг, брашното и 6 лажици шеќер ставете ги во длабок сад и измешајте ги. Додајте 200 мл вода.
  2. Во зовриената вода ставете ја смесата со пудингот и варете 2-3 минути додека кремот се згусти. Тенџерето тргнете го од огнот и оставете пудингот да се излади.
  3. Мелените бисквити ставете ги во длабок сад. Додајте 125 г растопен маргарин и измешајте. Потоа додајте го сокот од портокал и измешајте добро.
  4. Кокосовото млеко ставете го во сад за матење и додајте го шеќерот во прав. Изматете со миксер 2-3 минути.
  5. Во изладениот пудинг додајте го маргаринот и изматете со миксер за да се соединат. Потоа постепено додавајте од кокосовото млеко и продолжете со матењето.
  6. Кремот поделете го на два дела. Во едниот дел додајте кокос, а во другиот потпечени мелени лешници.
  7. Во чаши ставете од смесата со бисквити и нежно притиснете со лажица. Потоа ставете од кремот со кокос и израмнете. Додајте го третиот слој – кремот со лешници.
  8. Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте ја газираната вода. Изматете со миксер додека се згусти. Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачите во чаша и украсете ги со овошје. Уживајте во светот на вкусовите!
посни колачи со кокос

Автор на рецептот: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен овошен десерт во чаша со пудинг.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: