колачи со кокос и чоколадо

Колачи со кокос и чоколадо

Прекрасни чоколадни колачи со кокос, совршени за празнична трпеза! Обично ги подготвуваат за време на пости, или кога сакаат да се засладат со некој помалку калоричен десерт, а она што е важно е дека се подеднакво убави и со вода и со млеко, па слободно може да ја изберете својата омилена варијанта и вкус. Чоколадото може да биде бело или црно зависно од вашата желба, а исто така може да ги направите комбинирани, па да уживате во нивниот декоративен изглед.

колачи со кокос и чоколадо

Состојки:

  • 300 мл вода
  • 3 лажици нишесте
  • 6 лажици шеќер
  • 200 гр кокос
  • 100 гр маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 300 гр чоколадо за готвење
  • 8 лажици масло.

Подготовка:

  1. Нишестето се вари во зовриена вода со шеќер и се остава да се излади. Маргаринот се мати со 2 лажици шеќер во прав и се додава кон варениот крем од нишесте.
  2. На крај се додава кокосот и смесата убаво се замесува, при што на крај треба да е погуста.
  3. Можете цела смеса да ја ставите во калап, па да се сечете на штанглички или директно да ја ставите во силиконски калапи обложени со чоколадо.
  4. Чоколадото се топи со 8 лажици масло, па калапите се премачкуваат (2-3 пати по потреба).
  5. Се полнат со смесата и се оставаат да се изладат.

Секое време е идеално време за колачи со кокос, а чоколадниот вкус и слатки вкусни сензации можат да го подобрат вашиот ден!

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: