Похувано биено сирење за мезе 1

Похувано биено сирење за мезе

Ако е добро друштвото, уште поубаво оди мезето! Имаме супер идеја која нашите пријатели ја обожаваат! Често пати, штом се собериме си правиме похувано биено сирење за мезе. Независно дали е комбинирано со пиво, вино или вода, секогаш имаме широки насмевки на лицата!

По желба можете да си направите и домашна мезе даска. За таква дегустација и збогатени вкусови за уживање може да си направите и похувани пилешки прстипохувани прстени од кромидпохувани маслинки и секако да сервирате и домашен тартар сос. Не може да е подобро, пробајте!

Похувано биено сирење за мезе 2

Состојки:

  • 500 грама полномасно биено сирење
  • 3 јајца
  • 150 грама лебни трошки
  • пченкарно брашно по потреба
  • по желба додадете малку оригано или сув босилек
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Биеното сирење исечете го на правоаголни парчиња со дебелина од 1 см.
  2. Јајцата ставете ги во длабока чинија и убаво изматете ги со виљушка. Посолете ги по желба.
  3. Во чинија ставете го пченкарното брашно, а по желба додајте и малку зачин, оригано или сув босилек.
  4. Парчињата биено сирење прво извалкајте ги во садот со мешавината од брашното, а потоа ставете ги во садот со јајца.
  5. На крај, извалкајте го сирењето во садот со лебните трошки и парчињата се спремни за пржење.
  6. Во длабока тава ставете поголема количина на масло. Оставете го убаво да се загрее, а потоа во него ставете ги приготвените парчиња биено сирење.
  7. Кратко пржете ги во врелото масло, прво од едната страна (додека се одлепи самото од тавата), а потоа од уште малку пржете од другата страна додека добијат добијат убава румена боја.
  8. Похуваното биено сирење извадете го од маслото и ставете го врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Сервирајте го топло и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Зошто треба да се јаде кравјо сирење?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: