Сите ние понекогаш сакаме да направиме поголема количина на колачи или пити, но за да не добиеме премногу храна, се појавува потреба да ја преполовиме дозата. Така, ако сакате да уживате во повеќе вкусови, а да не се оптеретувате што ќе правите со храната што ќе остане, еве како најдобро да претворите кујнски мерки за половина доза без грешка.
Едноставно е многу, но добро е да се знаат некои специфичности. Секој би помислил, да лесно е, само ќе ги поделам состојките на половина. Но, има такви ситуации кога кујнските мерки се изразени во единици кои е потешко да се процени како да се поделат, а со тоа и рецептот нема да го има очекуваниот исход. За да избегнете грешки и да уживате во најубави јадења и десерти, секогаш кога ќе имате потреба погледнете ја нашата мала листа за претворање на кујнски мерки.

Како најлесно да ја преполовите дозата од рецептот?
Кога во рецептот пишува:
- 1/4 чаша – употребете 2 лажици
- 1/3 чаша – 2 лажици и 2 мали лажички
- 1/2 чаша – 1/4 чаша
- 2/3 чаша – 1/3 чаша
- 3/4 чаша – 6 лажици
- 1 лажица – 1и 1/2 лажиче
- 1 лажиче – 1/2 лажиче
- 1/2 лажиче – 1/4 лажиче.
Нели е вака полесно?
Ви препорачуваме да прочитате: Кујнски мерки – појаснување на мерни единици.