Крцкави однадвор, а меки одвнатре! Ако ви е здосадено од пржени компири или пире подготвувано на еден ист начин, имаме одлична идеја за вас! Време е за интересни спирали од компири!
Нешто ново и вкусно за секоја трпеза, совршено за со тартар сос или кечап. Компирите се многу вкусна храна и идеален гарнир на скоро секое јадење. Омилени се на многумина, а посебно на децата. Со едноставни состојки и на лесен начин ќе направите вкусно мезе за вас и вашите најблиски. Рецептот го најдовме на Инстаграм профилот на Сика и со задоволство го споделуваме со вас.

Состојки:
- 500 г компири
- 1 јајце
- 2 лажици густин
- 2 лажици пармезан
- 3 лажици млеко
- 1 лажиче буковец СИКА (по вкус, лут или благ)
- 1 лажиче зачин сушен зеленчук СИКА
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки. Сварете ги и изрендајте ги или изгмечете ги со преса за пире. Оставете ги да се изладат.
- Во садот додајте ги јајцето, густинот, пармезанот и млекото. Ставете буковец по желба и зачин сушен зеленчук од Сика. Посолете по вкус и убаво измешајте.
- Подготвената смеса ставете ја во готварски шприц и во средно загреаното масло во тава, формирајте спирали. Испржете ги од двете страни.
- Откако ќе ги испржите ставете ги на хартија за да се впие вишокот на маснотијата.
- Готовите спирали послужете ги додека се топли во комбинација со сос по ваша желба. Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Ви се допадна рецептот? – Повеќе рецепти и интересни идеи, погледнете на веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.
Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста салата со тестенини и пилешко месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.