„Кога ќе го приготвам зеленчукот на овој начин, не можеме да се донајадеме, се топи во уста! Одличен е засебно или како прилог со месо или риба. Од моето семејство доби чиста 10-ка!“ – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Може да ве интересира и: Рататуј на скара.

Состојките даваат можност за измена, а еве што ставив јас:
- 1 тиквичка
- 1 модар патлиџан
- 20-30 парчиња бамја
- 3 средно големи моркови
- 3 пиперки
- 1 голема главица кромид
- 4-5 чешниња лук
- 3 домати.
Дополнително:
- 250 мл вода
- малку маслиново масло по вкус
- сол и црн пипер
- сечкан магдонос пред сервирање.
Подготовка:
- Сите зеленчуци измијте ги, а потоа насечете ги на покрупни парчиња во слична големина, со цел што подобро да се зготват.
- Тиквичката и модриот патлиџан насечете ги како за помфрит, но на крупни парчиња.
- Од бамјата само отстранете ги дршките, а морковите исечете ги на подебели кругови.
- Пиперките и кромидот исчистете ги, па исечете ги на покрупни ленти/кришки.
- Лукот насечете го по должина во вид на листови и на крај исеќете ги доматите на покрупни парчиња.
- Додајте ја водата, зачините и добро измешајте.
- Печете во пекач, во загреана рерна на 200 степени, 2.5 до 3 часа. Повремено мешајте, а штом е готово, поросете со сечкан магдонос по вкус. Совршено, на здравје!
Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Мусака со модар патлиџан и домат.