Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате вкусен рататуј на скара приготвен дома.
Посно, вегетаријанско и без глутен! Изобилува со зеленчук, па совршен е за сите оние кои внимаваат на својата линија. Приготвениот рататуј можете да го сервирате топол, како ручек или здрава лесна вечера. Уживајте во комбинацијата на вкусови!

Состојки:
- 2 големи црвени домати, сечени на кругови
- 1 црн домат, сечен на тенки ленти
- 1 црвена пиперка
- 1 тиквичка, пресечена на половина, па на ленти
- 1 главица кромид или 2 млади кромитчиња
- малку маслиново масло за мачкање
- ливчиња босилек, коријандер или магдонос по потреба (околу 30 грама).
За сос:
- сок од 2 цедени лимони
- 3 лажички маслиново масло
- 2 лажички оцет балсамико
- 1 лажичка сув босилек
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- прстофат црн пипер.
Подготовка:
- Припремете ја и загрејте ја скарата на средно висока температура.
- Во поголем сад ставете ги лимоновиот сок, маслото, киселината, босилекот, шеќерот и солта, па измешајте ги.
- Зачинете со црн пипер по вкус.
- Исечканиот зеленчук намачкајте го со маслиново масло и ставете го на скарата да се печи. Печете го додека омекне за време од 6-8 минути.
- Притоа обрнете внимание на доматите и кромидот, затоа што се печат релативно многу брзо.
- Печениот зеленчук исечкајте го и ставате го во чинија. Во чинијата ставате го преливот со лимоновиот сок и измешајте.
- Декорирајте со листови свеж босилек или друг зачин по желба и послужете го. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Маринада за зеленчук на скара.