Рецепт за домашен кашкавал

Рецепт за домашен кашкавал

Доколку уживате во домашна подготовка на храна, добро би било да го пробате овој предлог рецепт за домашен кашкавал. Наместо да одите до првата продавница и да си купите, обидете се сами дома да си го подготвите своето омилено мезе и додаток во салати и разни други вкусни комбинации на јадења.

Рецепт за домашен кашкавал

Состојки:

  • 6 л млеко
  • 2 лажици сол
  • 3 лажици концентрирана оцетна киселина (есенција)
  • по желба некои ароматични зачини во количина на 1 лажица (домашни суви зачини, ситно сечкан магдонос, оригано, ситно сечкан лук во прав, босилек, нане и слично).

Подготовка:

  1. Млекото ставете го да се вари заедно со солта и со повремено мешање оставете го да врие околу 10 минути, а потоа тргнете го од ринглата.
  2. Во врелото млеко, веднаш додајте ја оцетната киселина, па варете го уште 5 минути со непрекинато мешање.
  3. Со чиста газа обложете тенџере со големина од 2 литри, па преку газата турете го врелото млеко. Преклопете го со газата, а потоа врз него ставете некој тежок предмет и чувајте го така додека потполно се олади.
  4. Изладениот кашкавал ставете го во чинија и чувајте го во фрижидер, еден ден на едната страна, а другиот ден превртете го на другата страна и оставете го да се суши.
  5. Доколку сакате вашиот домашен кашкавал да има ароматичен вкус, по желба додадете домашни суви зачини, ситно сечкан магдонос, оригано, ситно сечкан лук во прав, босилек, нане и слично.

Припремата на домашниот кашкавал бара трпение и време, но кога ќе ги видите резултатите од својата работа, воопшто нема да зажалите за вложените труд и време.

Сподели: