Рецепт за домашни белгиски вафли

Рецепт за домашни белгиски вафли

Популарните белгиски вафли на многумина им се омилен појадок благодарение на тоа што имаат крцкава и мека кора, а воздушеста внатрешност. Совршено одговараат со различни слатки преливи, мед, мармалад, џем, чоколадо, парчиња свежо или замрзнато овошје.  Во комбинација со вашиот омилен мармалад и чаша кафе или чај ќе добиете вистински деликатес на кој никој не може да му одолее. Со овој рецепт сигурни сме дека со нетрпение ќе чекате да се разбудите и да појадувате!

Се прават многу едноставно, со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната. Па, уште во прва прилика направете домашни вафли кои се топат во уста, по најдобриот белгиски рецепт. Вашите најблиски ќе ви бидат благодарни, а и децата ќе уживаат во меките и сочни вафли со крцкава кора.

Рецепт за домашни белгиски вафли

Состојки:

  • 2 ¼ чаши брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 3 лажици шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 2 јајца
  • ½ лажичка масло
  • 2 чаши млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • мармалад од кајсии  или џем од јагоди од Рес-Ком.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги брашното, прашокот за печиво, шеќерот, солта и циметот. Измешајте ги со жица за матење.
  2. Белките одвојте ги од жолчките. Во сад за матење ставете ги белките и изматете ги со миксер додека добиете цврста пена.
  3. Во друг сад изматете ги жолчките со маслото, млекото и ванилиниот екстракт.
  4. Смесата од жолчки додајте ја во садот со брашното и добро измешајте. На крај, додајте ги изматените белки и нежно промешајте со голема лажица за да се соединат.
  5. Апаратот за вафли загрејте го на умерена температура. Во зависност од тоа каков апарат користите, доколку ви лепи површината за печење, пред да ставите од тестото да се печи, премачкајте ги плочите со масло.
  6. Од вака подготвената смеса со помош на црпалка ставете врз површината од апаратот за вафли. Печете ги вафлите за време од 5 -7 минути, а времето на печење, зависи од самиот апарат. Ќе знаете дека се испечени кога ќе добијат златна – кафеава крцкава кора.
  7. Печените вафли сервирајте ги со шеќер во прав, овошје и мармалад или џем. Послужете ги додека се топли. На здравје!
белгиски вафли

Наша препорака

За подготовка на домашни белгиски вафли, користете квалитетен мармалад од кајсии или џем од јагоди. По желба може да користите и друг мармалад или џем, а наша препорака се производите на Рес-Ком Ресен. Било кој џем или мармалад да го изберете од палетата на Рес-Ком, гарантираме одличен вкус и слатко уживање. На нивната фан страница Res-Kom Resen, како и на нивниот инстаграм профил може да ги видите останатите слатки производи кои совршено се комбинираат со вафли.

Ви препорачуваме да прочитате: Италијанска пита – кростата со џем од јагоди.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest. 

*Спонзориран рецепт.

Сподели: