Во ладните зимски ноќи топлите напивки се одлични за подобрување на расположението. И додека повеќето од нас подготвуваат чај или пак салеп, најдобриот топол напиток несомнено е домашно топло чоколадо.
А на прсти може да ги наброите луѓето или локалите кои знаат да подготват совршено слатко и густо чоколадно задоволство на кое буквално ќе се навлечете. Но, сега тоа е минато. Ви го претставуваме најдобриот рецепт за највкусното домашно топло чоколадо.
Состојки:
- 4 лажички чоколадно какао
- 4-6 лажички нишесте (скроб)
- 4 лажички кафеав шеќер
- 2 лажички екстракт од ванила
- 50 грама темно чоколадо
- 4 чаши млеко.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 3 чаши млеко да се варат.
- Во длабок сад ставете ги какаото, шеќерот и скробот. Измешајте ги со лажица. Во садот додајте ги преостанатото млеко и ванилата. Измешајте убаво за да се добие хомогена смеса.
- Во зовриеното млеко додајте ја смесата со какаото, темното чоколадо искршено на коцки и мешајте додека се згусти. Готовото топло чоколадо послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Топло чоколадо со црвено вино и шлаг.