Драги пријатели, денес кулинарски ве водиме во Шведска. Ви го откриваме рецептот за традиционалните шведски ќофтиња во бел сос кои се популарни во целата скандинавска кујна, а и во светот. Ги има и во рестораните и салоните на Икеа, а сега лесно ќе можите да си ги направите и дома. Имаат едноставна подготовка и неверојатно добар вкус, па не пропуштајте да ги пробате!
Начинот на подготовка потсетува на нашите ќофтиња во каша, но состојките кои се користат се поразлични, а тоа го дава „шмекот“ на шведската кујна. Популарните шведски ќофтиња се подготвуваат со мелено месо и најчесто се послужуваат со пире од компир или тестенини. Вие можете да ги послужите и со гарнир по ваша желба. Во продолжение погледнете кои состојки ви се потребни и направете ги во прва прилика.

Состојки:
- 1/3 чаша лебни трошки
- ½ чаша млеко
- 1 јајце, малку изматено
- 1 мала лажичка кромид во прав
- 1 мала лажичка лук во прав
- ¾ лажичка сол
- ¼ лажичка мелен црн пипер
- ¼ лажичка морско оревче
- 500 г мелено говедско месо, препорачуваме од Агриа
- 250 г мелено свинско месо, препоралуваме од Агриа
- 2 лажици ситно сечкан магдонос
- 2 мали лажички маслиново масло
- 1 лажица путер.
За сосот:
- 5 лажици путер
- 1/3 чаша брашно
- 3 чаши говедски бујон
- ¾ чаши кисела павлака
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 1 лажица сечкан свеж магдонос.
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги лебните трошки, млекото, јајцето, кромидот и лукот во прав, солта, црниот пипер и морското оревче. Измешајте и оставете ги 10 минути за лебните трошки да омекнат.
- Во садот додајте ги меленото месо и сечканиот магдонос. Измешајте добро и формирајте околу 25 мали ќофтиња.
- Во голема тава на оган ставете ги маслиновото масло и путерот да се загреат. Во тавата додајте половина од ќофтињата и испржете ги. Пржените ќофтиња ставете ги чинија и покријте ги со фолија. Испржете ги преостанатите ќофтиња.
- Започнете со подготовка на сосот. Говедскиот бујон подгответе го според упатството.
- Тавата во која се пржеа ќофтињата, ставете ја на умерена температура. Додајте го путерот, а штом се растопи додајте брашно и измешајте со жица за матење за да се пропржи минута до две.
- Во тавата постепено додавајте го бујонот и мешајте со жицата за да се згусти сосот. Потоа додајте ја павлаката, посолете по вкус, зачинете со мелен црн пипер и ставете половина од магдоносот. Додајте ги ќофтиња и оставете да крчкаат во сосот уште 5 минути. Готовите ќофтиња декорирајте ги со сечкан магдонос и послужете ги додека се топли. На здравје!
Наша препорака:
Веруваме дека рецептот ве освои и планирате да го испробате. За подготовката набавете свежо и квалитетно мелено месо од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес). Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо, кое е идеално за подготовка на највкусните ќофтиња. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. А штом го испробате, не заборавајте да објавите фотографија од јадењето и да го споделите вашиот гурмански впечаток во групата Сѐ за храна.

Ви препорачуваме да прочитате: Големи италијански ќофтиња во доматен сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.