Рецепт за ѓувеч - за побрза подготовка на манџи

Рецепт за ѓувеч – за побрза подготовка на манџи

Искусеното и испробаното мора да се сподели! Нашата редовна читателка Анастасија го сподели со сите нас нејзниот одличен рецепт за ѓувеч и ни кажа дека навистина е совршен за подготовка на манџи за многу пократко време од обично. На ваше барање драги читатели, повелете супер рецепт за домашен ѓувеч!

Рецепт за ѓувеч - за побрза подготовка на манџи

Состојки:

  • 3 кг кромид
  • 2 кг моркови
  • 2 кг модри патлиџани
  • 4 кг зелени пиперки  
  • 4 кг домати
  • 1,5 л масло
  • 1 кесичка ловоров лист 
  • 2 кесички црн пипер во зрно
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги морковите, модрите патлиџани, пиперките и доматите, а кромидот излупете го.
  2. Со помош на кујнска машина измелете ги состојките, но сите одделувајте ги во посебен сад затоа што тоа е важно за понатамошната термичка преработка.
  3. Започнете со пржење според редоследот по кој се наредени состојките. Пржете така што најпрво ќе го ставите да се пржи кромидот, па по 15 минути ќе ги додадете и морковите, па во наредните 15 минути треба да ги пржите патлиџаните. Додајте ги пиперките и повторно пржете 15 минути, па дојдајте ги доматите и исто така пржете уште 15  минути.
  4. При крајот на пржењето додадете го ловоровиот лист, црниот пипер и солта по вкус.
  5. Жешкиот домашен ѓувеч се собира во жешки тегли. Се чува на темно и ладно место.

Сподели: