За љубителите на морска храна имаме супер рецепт! Рижото со лимон и ракчиња кој ни го сподели нашата пријателка Валентина. Комбинацијата на состојки ветува одличен вкус, па ова е еден од рецептите кои мора да се пробаат.
Рижотото претставува брзо и многу хранливо јадење кое е одлично за оние кои внимаваат на линијата. Може да го послужите како главно јадење, прилог или вечера. Како и да го сервирате сигурни сме дека ќе уживате во ова вкусно рижото со лимон и ракчиња.

Состојки:
- 50-60 г ориз
- 8 парчиња чисти ракчиња
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 1 лажичка маслиново масло
- 500 мл вода
- 1 лажичка путер или масло
- 1 коцка за супа
- зачини по желба
- 1/2 рендана кора од свеж лимон
- 10 мл бело вино
- сол и црн пипер по вкус
- рендан пармезан.
Подготовка:
- Зовријте ја водата заедно со коцката за супа, зачини по желба, путерот и кората од лимон на средно висока температура. Потоа, тргнете го садот на страна.
- Загрејте длабоко тавче на средна температура. Додајте ги маслото и лукчето и кратко пропржете ги.
- Додајте го оризот и гответе додека оризот добие светло сива боја. Потоа, додајте го виното. Убаво измешајте.
- Пред да испари виното, ставете 1 длабока лажица од зачинетата вода. Бавно мешајте со помош на дрвена лажица. Кога ќе поминете со лажицата низ тавата и кога водата нема да се собере за 1 до 2 секунди, додајте уште вода. Постапката повторувајте ја додека ја искористите цела вода.
- Пред крајот додајте ги ракчињата и гответе уште 2-3 минути. Зачинете со сол и црн пипер по потреба.
- Врз рижотото ставете пармезан и свеж магдонос. По желба, додајте и лимон. На здравје!
Совети плус од авторот:
- Доколку не сакате да користите вино, изоставете го, но додајте повеќе вода.
- Во водата може да не додавате путер или масло, но обавезно додајте зачини за побогат вкус.
Автор на рецептот: Валентина Пргомет (cupeto)
Ви препорачуваме да прочитате: Рижото со пилешко месо и зеленчук.