Брз и лесен рецепт за вкусно рижото со тиквичка, морков и пармезан. Комбинацијата на состојки ветува одличен вкус, па ова е еден од рецептите кои мора да се пробаат.
Ако сте љубители на јадења со ориз, не заборавајте да го направите! Здраво, вегетаријанско и без глутен, за сите генерации.

Состојки:
- 1 (500 – 600 гр) тиквичка
- 1 морков
- 4 полни лажици пармезан
- 1 чаша ориз
- малку магдонос
- 1 лажица путер
- 1/4 главица кромид
- 4-5 лажици масло
- по потреба сол, мешан сув зачин, црн пипер
- по потреба вода.
Подготовка:
- Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја за време од 10 минути. Потоа исцедете ја.
- Кромидот и морковот ситно исецкајте ги и малку пропржете ги во тава на загреано масло и путер.
- Потоа додајте ја тиквичката и продолжете со пржењето уште 2 до 3 минути со повремено мешање.
- На крај додајте го оризот и пржите уште 1-2 минути.
- Налејте ја водата и зачинете по вкус.
- Од зачините додајте по малку, а имајте во предвид дека и пармезанот е солен.
- Оставете да вари додека оризот омекне, а водата испарила но не целосно. Тогаш додајте го пармезанот, магдоносот и измешајте. Топлото рижото со тиквичка и пармезан послужете го веднаш.
Забелешка: Водата во оризот додавајте ја по потреба. Тоа зависи од типот на оризот колкаво количество на вода му е потребно за да се свари.
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.
Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.