Ти треба идеја за неделниот ручек со семејството? – Имаме одличен предлог! Вкусно роловано свинско месо е избор кој ќе ја збогати трпезата и ќе ги воодушеви сите гурмани од најмали до најстари.
Комбинацијата на состојките ветува одличен вкус. Во продолжение погледнете што ви е потребно и започнете со подготовка. А најважно при подготовка на секое јадење е да користите квалитетни намирници набавени од проверени производители. Ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. Во нивните месарници може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо. Набавете месо со врвен квалитет и уживајте во вистински специјалитет направен од вашите раце!

Состојки:
- 650-700 г свинско филе од Агриа
- 4 лажици масло
- 2 ленти сечкана сланина
- 170 г шампињони
- 1/2 мала главица кромид
- 1 главица лук
- 2 лажици свеж магдонос
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Шампињоните, магдоносот, лукот и кромидот ситно исечкајте ги.
- Рерната пуштете ја да се загрее на 200 степени.
- Во тава, на средно висока температура, ставете 2 лажици масло. Ставете ја сечканата сланина и пржете околу 3-4 минути додека порумени.
- Додајте ги шампињоните и кромидот. Пржете додека омекнат.
- Зачинете по вкус и додајте ги магдоносот и лукот. Пржете уште една минута со постојано мешање, па префрлете го во посебен сад.
- Отстранете ги жилите од свинското филе. Со остар нож исечете на средина, но внимавајте да не исечете до крај. Потоа, отворете го месото како книга, покријте го со најлонска фолија и израмнете го со кујнски чекан.
- Филот со печурки рамномерно распоредете го врз месото. Внимателно завиткајте го во ролат и прицврстете ги краевите со чепкалки или врзете го со кујнски конец. Зачинете го ролатот со сол и црн пипер по вкус.
- Тавата за печење ставете ја на рингла на средна температура и ставете две лажици масло. Откако маслото ќе се загрее, ставете го месото и кратко испржете го од сите страни. Потоа, тавата префрлете ја во рерна и печете 25-30 минути.
- Готовото месо извадете го на даска за сечење и извадете ги чепкалките. По желба, месото прелијте го со течноста од тавата во која се печело. Оставете го месото 5-6 минути, а потоа исечете го на парчиња и послужете го. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Сочно свинско месо со печурки и вино.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.