полнети јајца

Руски рецепт за полнети јајца

Време е за вкусен специјалитет од варени јајца! На блогот Kuhinjica Mignone нашата пријателка објави рецепт за руски полнети јајца, кои им се допаднале на целото семејство, па го сподели и со нас.

За да го направите овој рецепт потребни ви се неколку состојки и малку време, а одличниот вкус е веќе гарантиран.

полнети јајца

Состојки:

  • 4 тврдо варени јајца
  • 75 грама туна од конзерва
  • путер
  • мајонез
  • сол
  • црн пипер
  • свеж сок од лимон.

Подготовка:

  1. Јајцата пресечете ги на половина, а жолчките извадете ги и ставете ги во длабок сад.
  2. Жолчките испасирајте ги со виљушка. Туната исцедете ја од маслото.
  3. Во садот со жолчките додајте ја туната, малку путер и мајонез за да се поврзат состојките. Добро изматете ги, зачинете со сок од свеж лимон, додајте малку сол и црн пипер, па смесата ставете ја во готварски шприц и наполнете ги белките. Декорирајте со листови магдонос. Руските полнети јајца послужете ги со парчиња печен леб. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 7 лесни рецепти за салати со варени јајца.

Сподели: