Еве една интересна комбинација за салата со варени јајца и спанаќ! Супер можност да ја пробате во текот на Велигденските празници или пак кога ви останале варени јајца, а не знаете како да ги искористите.
Едноставно препуштете се на вашите кулинарски вештини, додајте некоја состојка плус и направете нова комбинација од оваа салата. Наш предлог е малку лимон и оригано по вкус.

Состојки:
- 4 чаши свежи листови од спанаќ
- 4 варени јајца
- 4 ленти сланина
- 1 мала главица кромид по желба
За сос:
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици винска киселина
- 1 лажица сенф
- ½ мала лажичка сол
- мелен црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Сланината ставете ја во нелеплива тава на оган на средно висока температура. Пржете ја од двете страни додека стане крцкава.
- Пржената сланина искршете ја на мали парчиња.
- Јајцата излупете ги и исечете ги на кругови.
- Кромидот исто така исечете го на кругови.
- Во мал сад измешајте го маслото, киселината, сенфот, солта и црниот пипер.
- Во 4 или 2 чинии за сервирање ставете ги листовите спанаќ, јајцата, сланината и сечканиот кромид. Врз салата ставете од приготвениот прелив.
- Готовата салата со варени јајца и спанаќ послужете ја веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: 7 лесни рецепти за салати со варени јајца.