Време е за уште едно гурманско доживување! Направете промена и подгответе свински медаљони во сос од печурки и моркови. Веруваме дека ќе ви се допадне и ќе го освои сечиј вкус.
Дали месото го подготвувате само со класично печење или пржење? Сте пробале ли да направите специјалитет како во рестораните? – Следете ги чекорите и изненадете го семејството со вкусен ручек.

Состојки:
- 450-700 г свинско филе од Агриа
- сол и мелен црн пипер
- ¼ лажичка лук во прав
- 3-4 лажици масло
- 500 г шампињони или печурки по избор
- 2-3 моркови со средна големина
- ½ главица сечкан кромид
- 1 чешне сечкан лук
- ¼ мала лажичка црвена буковска пипер
- 2 мали лажички свежа мајчина душица
- ¼ чаша брашно
- 2½ чаши пилешки бујон
- 1 лажичка ворчестер или доматен сос по избор.
Подготовка:
- Свинското каре исечете го на 12 парчиња – медаљони. Секое парче притиснете го со раката и избришете го со кујнска крпа.
- Во мал сад ставете ¼ лажичка сол, ¼ лажичка мелен црн пипер и ¼ мала лажичка лук во прав. Измешајте ги и зачинете ги медаљоните.
- Во поголема нелеплива тава, на умерено висока температура ставете 1-2 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло ставете ги медљоните и пржете ги од двете страни додека добијат кафеава боја за време од 3 минути по страна. Пржените парчиња извадете ги во чинија. Покријте ги со капак или најлонска фолија за да останат топли додека завршите со пржење на сите парчиња.
- Шампињоните исечете ги на половинки или четвртинки. Морковите исечкајте ги на тенки кругови. Преостанатите 2 лажици масло додајте ги во поголема тава или тенџере. Штом маслото се загрее, додајте ги шампињоните, морковите и зачинете со ¼ лажичка сол. Пропржете додека печурките добијат кафеава боја, за време од 8 до 10 минути. Во тавата додајте го и сечканиот кромид и продолжете со пржењето со повремено мешање уште 3 до 5 минути.
- Намалете ја температурата и додајте ги лукот, буковската пипер, мајчината душица и продолжете со пржењето уште 1 минута. Додајте го брашното и пропржете уште 2 минути.
- Во тавата додајте ги пилешкиот бујон и ворчестер сосот. Мешајте со жица за да се добие густ сос. По желба зачинете со сол и мелен црн пипер.
- Во тавата додајте ги свинските медаљони и продолжете со крчкањето уште 5 до 10 минути. Топлите свински медаљони во сос од печурки и моркови послужете ги со пире и гарнирајте со свеж магдонос. На здравје!
Совети плус:
- Ако тавата во која ќе го подготвувате свинското месо е помала, пржењето направете го на два до три пати. Важно е при пржењето месото да има доволно простор и да не се допираат медљоните.
- Изборот на квалитетни состојки е клучен за вкусно јадење. За подготовка користете свежо свинско месо и зеленчуци набавени од локален фармер. Кога станува збор за свежото свинско месо ги препорачуваме Агриа. Дали до сега сте го пробале месото од Агриа? – Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо со лук и рузмарин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.