Повторно ви откриваме специјалитет од интернационалната кујна. Овојпат, кулинарски патуваме во Војводина. Војводина е позната по фантастичните специјалитети, јадења со пикантен вкус, кои никого нѐ оставаат рамнодушен. А, овие вкусни и сочни свински шницли во сос од бело вино сигурно ќе бидат ваше омилено јадење.
Летото е време кога не сакаме да останеме долго во кујната, па бараме лесни и едноставни рецепти за подготовка. Токму таков е рецептот за свинските шницли во сос од бело вино. Направете ги и уживајте во вкусот со семејството или пријателите!

Состојки:
- 800 г свинско каре од Агриа
- 2-4 лажици брашно
- 3 чешниња лук
- 1 дл бело вино
- 200 г кисела павлака
- црн пипер и сол
- зачини по избор: магдонос, рузмарин, мајчина душица, мешан зачин…
- рен
- масло за пржење.
Подготовка:
- Свинското месо исечете го на шницли со дебелина од 1 см.
- Брашното ставете го во чинија. Парчињата месо посолете ги и извалајте ги во брашно.
- Во поголема тава или тенџере на оган ставете масло да се загрее. Во загреаното масло пропржете ги свинските шницли од двете страни додека поруменат.
- Потоа, извадете ги шницлите од тавата.
- Лукот и магдоносот исечкајте ги и оставете ги во посебен сад.
- Во истото масло во кое се пржеа шницлите ставете ги павлаката, виното, сечканите лук и магдонос, и зачинете со сол и мелен црн пипер. По желба додајте рузмарин, мешан зачин или други зачини. Мешајте додека сосот се згусне.
- Исклучете го шпоретот, вратете ги шницлите во сосот и додајте сечкан рен.
- Подготвените шницли послужете ги топли во комбинација со пире од варен компир или свежа салата по избор. На здравје!
Совети плус:
Како ти се допаѓа рецептот за свинските шницли? Планираш да ги испробаш? – Еве неколку совети од нас:
- За подготовка најдобро е да користите свежо свинско месо. Кога станува збор за свежо и квалитетно свинско месо ги препорачуваме Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.
- За покремаст сос, користи павлака со 20% млечни масти. Наместо кисела, може да користиш и неутрална павлака за готвење.
- Свинското месо добро се комбинира со рузмарин, па може да додадеш листови свеж или сув рузарин при подготовката.

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо со лук и рузмарин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.