Слаткото од вишни е омилено на многумина од нас, а сезоната на вишни е во полн ек! Домашно приготвените сок, мармалад, компот и слатко од вишни без конзерванси, редовно се припремаат секоја година и се задолжителни на рафтовите во нашата зимница. Овај пат ви го споделуваме рецептот за слатко од вишни на нашата пријателка Лана, кој е објавен на блогот Kuhinjica Mignone. Слаткото совршено се вклопува во сладолед, палачинки и голем број на десерти.

Состојки:
- 1 кг вишни исчистени од семките
- 1 кг шеќер.
Подготовка:
- Вишните измијте ги и отстранете им ги семките. Исчистените вишни ставете ги ви поголемо тенџере и посипете ги со шеќер. Ако немате доволно простор во тенџерето, ставете ред вишни, посипете ги со шеќер, а потоа ставете ги простанатите вишни и шеќерот.
- Вака припремените вишни оставете ги неколку часа за да пуштат сок.
- Потоа, тенџерето со вишните ставете го на оган на висока температура. Штом вишните ќе зовријат, намалете ја температурата и варете го слаткото додека постигне густина, малку поретка во споредба со мед. Во зависност од количината на вишни која ја приготвувате, за варењето на слаткото ќе ви бидат потребни 40 до 60 минути, а некогаш и повеќе. Слаткото не треба да се меша, само повремено протресете го тенџерето и отстранете ја пената која се појавува на површината.
- Густината на слаткото најдобро ќе ја проверите така што, со помош на лажица ќе истурите малку од сирупот. Ако наизменично паѓаат капките од сируп, тоа значи дека слаткото е доволно варено, а ако сирупот течи во млаз, тоа укажува дека треба уште малку да се вари. Слаткото ќе се згусни штом ќе се излади.
- Земете една кујнска крпа, изводенете ја и добро исцедете ја. Со накиснатата крпа покријте го тенџерето и оставете го целосно да се излади. Изладеното слатко од вишни ставете го чисти тегли и затворете.