Солено крем бруле со сирење

Солено крем бруле со сирење

Сигурно и вие имате пробано слатко крем бруле кое е многу популарно и може да се најде во рестораните и слаткарниците. Но, ретко кој има пробано солено крем бруле со сирење.

Оваа интересна комбинација со солен вкус ни ја предложи Диана, која рецептот за соленото крем бруле го објави на нејзиниот блог Trydiani. Изгледа многу вкусно, па вреди да се проба.

солено крем бруле

Состојки:

  • 120 мл млеко
  • 120 мл течна павлака со 30% масленост
  • 3 жолчки
  • 50 грама сирење горгонзола (може да користите меко сирење по желба)
  • сол, црн пипер и индиско оревче по вкус
  • 1 мала лажица густин
  • пармезан
  • домати и босилек за гарнирање.

Подготовка:

  1. Во ¼ чаша млеко се става густинот и се меша.
  2. Во тенџере на оган се ставаат преостанато млеко, павлаката, сол, црн пипер, морско оревче по вкус. Штом смесата зоврие се додава разматениот густин и се меша кратко време. Тенџерето се трга од огнот.
  3. Жолчките се ставаат во сад за матење. Се матат со миксер додека добијат светло жолта боја. Потоа, во садот со матените жолчки постепено се додава смесата со млекото и се мати додека се добие хомогена смеса.
  4. Вака добиената смеса се става во калапи за печење. Во секој калап се става горгонзола. Калапите се печат во водена бања, така што нивото на водата треба да биде околу ½ од висината на садот. Температурата на печење е 120 степени за време од 25 до 30 минути.
  5. Калапите се вадат од водата, се наросуваат со рендан пармезан, кој може да се подгори со кујнска запалка. Штом крем брулето кратко се излади се сервира.
  6. Може да се гарнира со печен леб со масло или стапчиња од палента. со домати и босилек.

Ви предлагаме да прочитате: Топено сирење со тиквички.

Сподели: