Традицијата треба да ја зачуваме и да ја продолжуваме за идните генерации! Нашите стари рецепти, култура и фолклор се препознатлива карактеристика за нашиот народ ширум светот. А кога сме кај рецептите, со желба да ги сочуваме и пренесуваме, приготвивме старински ванилици, онака како што ги правеле нашите баби многу одамна.
По желба, ванилиците може да се премачкаат со мармалад и така да се послужат. Најубавото кај нив е што колку што подолго стојат, толку се повкусни.

Состојки:
- 200 грама свинска маст
- 2 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 ќесички ванилин шеќер од Витаминка
- 500 грама брашно
- свежо цеден сок од 1/2 лимон
- 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- 100-200 грама шеќер во прав за посипување од Витаминка.
Подготовка:
- Во длабок сад се става свинската маст и се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер. Смесата се меша со виљушка.
- Во садот се додаваат јајцата и сокот од лимон. Смесата повторно се меша.
- Во друг сад се ставаат брашното и прашокот за печиво. Се мешаат и се додаваат во садот со маста и јајцата. Се замесува тесто. Врз набрашнета работна маса се става тестото и со помош на сукало се сучи кора со дебелина од 5-7мм. Со калапи се вадат форми и се редат во тава.
- Тавата се става во загреана рерна на 180 степени. Ванилиците се печат за време од 20 до 30 минути, додека малку поруменат. Дури се топли се валкаат во шеќер во прав од Витаминка, а по желба може да се премачкаат со мармалад и да се залепат. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Брза чоколадна салама за 10 минути.
*Спонзориран текст