Ретко кој би одбил вкусен телешки гулаш со црвено вино, може да се каже дека е едно од омилените јадења на голем број луѓе. А и како не би бил, навистина има вкус кој се издвојува!
Овој пат препораката за рецептот се должи на уникатниот вкус. Тој се добива благодарение на внимателно избраните состојки и црвеното вино кое го издвојува од останатите. Испробано од Невена, слободно пробајте!

Состојки:
- 600 гр телешко месо без коски
- 300 гр кромид
- 1 морков
- 1 домат
- 1 лукче
- 70 мл црно вино
- 1 л вода
- 1/2 лажиче црн бибер
- 1 ловоров лист
- 1 лажиче црвен пипер.
Подготовка:
- Кромидот ситно исецкајте го и ставете го во тенџере со масло да се пржи колку да омекне.
- Додадете го на коцки исеченото месо, измешајте и пржете ги заедно неколу минути мешајќи да не загоре.
- Потоа додадете ги исецканиот морков, лукчето, излупениот исецкн домат, пиперот, ловоровот лист, биберот, вегетата и солот и измешајте.
- Додадете ги виното и водата, покријте го тенџерето со капак и оставете го да вари на тивок оган 2 саати додека месото не омекне и сосот не се згусти.
- Готовиот гулаш послужете го топол со пире или варен ориз, наросен со сецкан магдонос. Пријатно јадење!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Лесен рецепт за телешки гулаш.